СЛУЧАЈ МИРКУЛОВСКИ: ЕХФ се прогласи ненадлежен

Арбитражната комисија на Европската ракометна федерација нема да го разгледува спорот меѓу Филип Миркуловски и Металург. 

Виена прво го прифати случајот, формираше комисија, двете страни платија за разгледување на спорот, но откако се состана и го разгледа случајот, Арбитражната комисија се прогласи за ненадлежна, уплатените средства беа рефундирани и случајот затворен, барем за Виена. 

Се работи за долгот што го има Металрг кон Миркуловски откако во познатиот случај голем дел од играчите беа ослободени од обврските. Дел од играчите правдата ја бараат на редовен суд во Македонија. 

Што се однесува до Миркуловски, тој допрва треба да одлучи што ќе биде неговиот следен потег. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk