Серафимов најдобар стрелец во Плоцк

Македонскиот кадетски тим ги направи првите чекори во репрезентативниот свет, во Плоцк, Полска. Таму нашиот тим го имаше своето прво искуство како репрезентација и одигра три натпревари по кои можеме да бидеме задоволни, како за први натпревари. 

Тоа што е поважно од резултатот е дали во оваа репрезентација има потенцијал, играчи од кои може да се направи тим што ќе оди напред, поместувајќи ги границите што ги има поставено актуелнава генерација на играчи. 

Судејќи од првиот настап, веќе имаме играч околу кого може да се гради тим. Мартин Серафмов, десниот бек на Металург кој веќе има и настапи во Лигата на шампионите и СЕХА Гаспром се претвора во лидер на овој тим. 
Плоцк го напушта со првото индивидуално признание добиено како македонски репрезентативец. Најдобар стрелец на турнирот. На првиот натпревар, со Белорусија постигна 11 гола, на вториот со Полска беше стрелец на 14 и веќе со тие два натпревари го запечати првото место. На дуелот со Чешка постигна 9 погодоци и со вкупно 34 гола на три натпревари убедливо беше најдобар стрелец. 
 
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk