БиХ прокоцка бараж за СП

Репрезентацијата на БиХ е на добар пат уште еднаш да пропушти големо натпреварување. Непријатна епизода имаа БИХ на гостувањето во Естонија. Откако пред три дена во Сараево победија со седум гола разлика, се очекуваше дека и во Талин ќе биде иста приказната, па во директен дуел со Швајцарија ќе решат кој ќе оди во бараж. 

Но, Јаанима, Робе и Патраил не мислеа така. Веќе на полувреме Естонија водеше со 17:11 и БиХ беше на прагот на катастрофа. На крајот загубија со 29:25 и тоа ги право подобри во меѓусебниот дуел, но доколку Швајцарија си одработи како што треба, на дуелот со Естонија, тогаш БиХ ќе биде во големи проблеми. 

Од квалификациските групи, втор натпревар одигра и Русија. Откако во првото коло со 10 гола разлика ја совладаа Словачка, сега како гости со 35:23 ја совладаа Финска и веќе се пред прагот на бараж натпреварите. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk