Тесен пораз од Полска, 14-ка од Серафимов

ПОЛСКА - МАКЕДОНИЈА    34:32 (14:12)

Македонија: Кизиќ 1, Василевски, Петковски, Гучевски 1, Џигеровски 1, И. Меловски 3, Кондев 2, Ќосевски 3, Наков, Божиновски, Митиќ 1, Мајсторовски, Каковски, Симоновски 3, Ристовски, Серафимов 14, Карапалевски 4, Атанасовски



Македонската кадетска репрезентација денеска беше тесно поразена од домаќинот на турнирот Полска (32:34) во рамките на второто коло. Белорусија и Чешка одиграа нерешено 29:29 и доколку утре ја совладаме Чешка, би можеле од Плоцк да се вратиме како второпласирани. Услов е и Полска да ја совлада Белорусија. 

Македонија исто како и на првиот меч, на почетокот на средбата отиде во негатива, не толку голема, само три гола разлика, но доволно за да треба да вложува дополнителена сила за да стигне резултат. И веднаш им појде од рака, направија серија од 5:1 и по втор пат покажаа карактер и желба да се борат без разлика на бројките. 

Црвениот картон на Тони Атанасовски кој е важна алка во одбраната беше причина Брестовац да мора да бара алтернативно решение, а додека го најде, се загуби време и на полувреме Полска отиде до плус два. 

Во второто полувреме се играше израмнето, но македонскиот тим не успеа да одигра доволно добро за да стигне до подобар резултат. Сепак, фактот што на терен на противник играле за победа е доволно за да добијат поголема поддршка во тоа што ќе ги чека во иднина. 

Напорна работа е тоа што стои пред нив а по овој турнир и селкторот и неговиот тим ќе имаат многу појсна насока за тоа што треба да работат. Основата на репрезентацијата е тоа што го имаме во Полска, но има уште многу играчи што би можеле да влезат во овој круг. Се сеќавате на списокот од над 40 ракометари селектирани. Ако сфатат сериозно каква шанса им стои и комплетно се посветата работата, тогаш ќе имаме со што да се фалиме и во следните години. 


„Дефинитивно ни се потребни вакви турнири“, кратко изјави селекторот Данило Брестовац по денешниот натпревар. 


Македонската репрезентација полека добива нова ѕвезда, Мартин Серафимов, денеска постигна 14 гола и со вчерашните 11 има вкупно 25 гола на 2 натпревари што е просек каков што секој играч може само да посака. Но, нема во ниту еден момент да го одвоиме од колективот, затоа што поддршка добива од целата екипа и сите играчи што се во Полска заслужуваат само пофалби. 
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk