Act of vengeance (2017)

Пред да почнете да се смеете или да го жалите Антонио Бандерас кој на 58 години реши да глуми во „Б“ продукција и тоа бугарска, сетете се дека кај нас малку фалеше да има протести и контра-протести за седумдневното затворање на обиколницата за снимање на француско „ремек дело“. Погледнете го клипот францускиот филм и ќе ви пројде желбата да им се смеете на Бандерас и Бугарите.

Режисерот е Израелец, познат по филмови со ММА елементи како Undisputed, Ninja и слично. Филмот е просечен, но мораме да кажеме дека Бандерас веројатно извлекол максимум од сценариото, па нема ни да ви се види толку лош. 

Се работи за адвокат (Бандерас) кој не престанува да збори, но откако ќе му ги убијат жената и детето, дава завет за молчење додека не го пронајде убиецот. По тоа на сцена стапува режисерот и неговата опсесија со боречки вештини и така натаму... 

П.С. Ако почнете да се чудите што е фората со цвикерите што ги носи Бандерас неколку сцени од филмот, сетете се дека и костимографијата е бугарска.

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk