Мелград го смени ПСЖ за Алборг

Данскиот репрезентативец Хенрик Мелгард по три сезони во ПСЖ заминува од Париз и се враќа назад во Данска. Неговиот нов клуб е Алборг, договорот е валиден од јуни. 

Хенрик Мелгард е ракометар што важи за специјалист дефанзивец. Но, во репрезентацијата на Данска, посебно кога беа водени од Улрик Вилбек, Мелгард имаше специјална задача. Тој не е од редот на дефнзивци на кои им е забрането со највисок закон да го пројдат центарот на теренот, напротив. 
Во играта на Данска неговата задача беше да ја забрза играта, да поведе транзицијата и место да се прават замени да истрча и доколку се пружи можност и да шутира. И тоа го правеше мошне успешно. Доколку не се направеше позиција за шут, се менуваше, иако знае да игра и во напад. 
Во ПСЖ... таму е залудно да анализираме што се игра. 

Како и да е, не беше вистиски искористен во Париз и заминува откако ќе му заврши договорот. Не се сомневаме дека Французите ќе најдат замена за него, но прашањето што буди заинтересираност е кој ќе ги води следната сезона. Дали ќе биде тоа Раул Гонзалез? Или можеби Штафан Олсон ќе формира нов тренерски тандем, но овој пат со Магнус Андерсон. Ќе има уште многу шпекулации пред да се открие вистинската информација. 
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk