ЕХФ го најави новиот формат на Лигата на шампионите за 2020 година и според новиот модел ќе се формира Лига со 12 екипи што ќе игра меѓусебе за шампионски пехар и милионски приход. И така и ќе биде, не гледаме дека револтот на тие што ќе останат вон оваа лига ќе го смени текот на настаните.
Ваквата лига ќе добие противници, а први кои го кренаа гласот се Швеѓаните.
„Утопија е дека екипа од Шведска ќе може да игра во таква лига. Дури и да има клуб, по ниту еден закон во Шведска нема да може да се уфрли лига со 22 кола покрај постоечките 32 кола во првенството.
За нас е комплетно неприфатливо Лига на шампиони да се игра со 8 до 10 нации кога во Европа има 50 држави што играат ракомет“, изјави легендарниот шведски голман Петер Генцел во интервју за шведско радио, а неговиот став го поддржува претставникот на Шведска во ЛШ, Кристијанштад.
Промените се накако далечни, 2020 година се уште не е на хоризонтот, но кога ќе дојде времето и кога клубовите посериозно ќе видат со каков продукт ќе си имаат работа очекуваме револтот да порасне до граница што сериозно ќе ја загрози ЕХФ. Или пак, клубовите ќе си поќутат и ќе играат како и досега во второстепеното натпреварува наречено Лига на Европа.