Што да гледате денеска: Црна Гора - Чешка

Вториот ден од серијата на контролни натпревари во рамките на ЕХФ неделата нуди пет натпревари, од кои два се поинтересни и за македонската публика. 

За прв пат на терен ќе биде и репрезентацијата на Црна Гора, селекција која веројатно ќе биде клучот за пласман во вториот круг и за Македонија на претстојното ЕП. 
Интересен противник одбра селекторот Драган Ѓукиќ за неделата на ЕХФ. Тоа е селекцијата на Чешка со која имаме долга историја и со која се боревме и во последните квалификации. Тие ќе одиграат два натпревари на кои Црна Гора ќе биде домаќин, а првиот е на програмата денеска од 18:00 часот. 

Звонко Шундовски по вчерашното реми со Украина, денеска од 14:00 часот ќе го одигра и вториот меч од трилогијата во Тел Авив со истиот противник. 

Исланд по вчерашната победа над Шведска, денеска одново ќе ги одмери силите со истиот противник. Исланд своите натпревари ги пренесува на фејсбук страната на нивната ракометна федерација. 

Денеска се играат следниве натпревари:
14:00  Израел - Украина
16:00  Исланд - Шведска
17:30  Белорусија - Швајцарија
18:00  Црна Гора - Чешка
22:00  Португалија - Романија


 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk