Шундовски тргна со нерешено

Македонскиот тренер Звонко Шундовски го имаше своето деби на клупата на репрезентацијата на Израел. Тие вечерва одиграа нерешено 25:25 со Украина, на првиот од трите натпревари што ќе ги играат во рамките на неделата на ЕХФ.

Овој резултат е добар за Израел, со оглед на тоа дека Украина во Тел Авив настапи со најсилниот тим, истиот тој што одигра нерешено и со Македонија во квалификациите за ЕП Хрватска. 

Израел во квалификациите за бараж за СП е во група со Литванија, Летонија и Грузија, а групата ќе се игра во Литванија. 
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk