Русија повторно е моќна

РУСИЈА - СЛОВАЧКА 32:22 (20:11)

Русија и Словачка играа и во минатите квалификации, во рамки на една година. Тогаш во Москва одиграа нерешено, во Словачка победија Русите минимално по голема драма во последните секунди. 

По тоа Русија испадна од трката за ЕП, па беше сменет селекторот Торгованов и беше доведен директорот на Вардар Едуард Кокшаров, заедно со Сергеј Самсоненко.

Вечерва повторно играа Русија и Словачка, квалификации за СП. Сега Русија изгледа и игра поинаку. Дури и без повредениот Павел Атман. Дибиров кој беше сосема различен во „зборнаја“ во однос на Вардар, сега игра како во црвено-црниот дрес. Си ја најде својата улога на терен. Овој состав полн со познати имиња како Горбок, Игропуло, Киреев. Житњиков, Игропуло, Шељменко... на селекторското деби на Кокшаров игра според рејтингот.

Словачка немаше шанса. Веќе по првиот дел беше 20:11, а со шест гола предничеше Дибиров. Еден од тие голови е и препознатливата „завртаљка“ овој пат со движење достојно да ја краси секоја насловна шпица. 

Во второто полувреме и покрај малото опуштање кое резултатот им го дозволи и немаа никакви проблеми да ја одржат разликата и професионално до крај си ја одработеа задачата. 
По една ваква победа над директниот ривал, имајќи предвид дека во групата се уште Финска и Луксембург, можеме уште сега да констатираме дека Русија е во баражот и ќе стане кошмар на некоја од земјите учесници на ЕП кога во јуни ќе се соочат во битките за СП. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk