Бутел се врати на врвот

Екипата на Бутел Скопје го совлада тимот на Ринија и се врати на првото место на табелата во Првата лига откако синоќа се комплетираше петтото коло. Бутел славеше со Чаир со 35:29 над тимот на Ринија што до лани беше кандидат за Супер лига, а сега има пет порази од исто толку натпревари. 

Најголемото засилување на Бутел, Горан Печенковски со 6 гола го водеше тимот со петтата победа, а Кристијан Василевски и Стефан Николовски постигнаа гол помалку. 

Сега Бутел и натаму е комотен на првото место, посебно затоа што има гостинска победа над најголемиот ривал на хартија, тимот на Металург Јуниор. Не смееме да ги заборавиме ниту Струга и Преспа. Стружани се уште преговараат со Наумче Мојсовски кој треба да биде нивниот нов претседател. Се оддолжи целата работа, па така според последните информации, овој договор би можел да се реализира дури во јануари. 

Преспа има ист скор со Металург Јуниор и Струга откако синоќа како гостин го совлада Спартак 37:29 (16:12).
 
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk