Португалија и Романија, вчера ја отворија Неделата на ЕХФ, а денеска на терен ќе излезе и еден од противниците на Македонија на ЕП - тимот на Словенија.
Ова е натпревар што ќе биде одбележан од многу аспекти. Веселин Вујовиќ против Лино Червар, Словенија прв пат против Хрватска откако на СП Франција и „зема“ медал, дебито на Лино, новите играчи на Вујовиќ... многу работи што се интересни и за македонската публика.
Оваа средба може да се гледа на РТЛ 2 и Арена Спорт 2.
Денеска се играат и други интересени натпревари, па така ќе може да се види и дебито на Звонко Шундовски како селектор на Израел. За жал, не знаеме во моментов каде би можел да се најде пренос. Ќе дебитира и Едуард Кокшаров за Русија и тоа на официјален натпревар од квалификации, па Шведска и Исланд, Норвешка - Данска...
Распоред на натпревари што ќе се играат денеска:
18:00 Словенија - Хрватска (РТЛ 2, Арена Спорт 2)
18:15 Франција - Полска (forside.play.tv2.dk)
18:30 Русија - Словачка (vk.com, rushandball.ru)
18:30 Израел - Украина
19:30 Австрија - Србија
21:00 Данска - Норвешка (forside.play.tv2.dk)
21:30 Исланд - Шведска (www.facebook.com/handbollsladndslaget)
foto: siol.net