Помалку изненадувачки, германската федерација денеска објави дека го менува селекторот на женската репрезентација. Холанѓанецот Хенк Грунер ќе го замени Михаел Биглер. Смената ќе биде извршена на 1 јануари 2018 година.
Смената не е изненадување, изненадуавње е што ова е објавено на еден месец пред почетокот на СП, на кое Германија е домаќин, а Биглер ќе биде селектор. Да се случеше ваков трансфер во Македонија или било каде на Балканот веројатно ќе имаше лавина од негативни коментари и критики, но во Германија не е така.
Биглер од 1 јануари својата игра препознатлива по тоа што има многу дуели и нималку фантазија ќе ја пренесува во екипата на Лајпциг, еден од клубовите што се спасуваа од банкрот.
Инаку, Биглер има краток селекторски стаж во Германија. Тој во 2016 ја предводеше машката репрезентација на Полска на ЕП на домашен терен. ЕП на кое Полјаците типуваа на (златен) медал, а ќе го паметат по најсрамниот пораз во нивната историја, дебаклот од -14 гола на дуелот со Хрватска (23:37), по што првенството го завршија на седмото место.
Веднаш по тоа беше назаначен за селектор на женската репрезентација на Германија која е домаќин на мундијалот што во декември ќе го организира Германија. На стартот на квалификациите за следното ЕП, Германија се спасуваше од пораз со Литванија (одигра нерешено 27:27, дома) и лесно ја победи Турција.