Стартуваа претквалификациите за СП Германија 2019 година. Во оваа фаза 23 репрезентации поделени во шест групи, се борат за шест места што водат во втората фаза, баражот во кој Македонија е директно квалификувана како учесник на ЕП.
БиХ направи значен чекор напред откако убедливо со седум гола разлика ја совлада Естонија која е предводена од два бундеслигашки ракометари, Дарен Јаанима и Мат Патраил. БиХ водеше 18:10 на полувреме, победи со 34:27 и сега е во убава позиција пред реваншот што на 28 октомври се игра во Талин.
Во оваа група е и селекцијата на Швајцарија, па со оглед на тоа дека сите репрезентации се со приближно ист квалитет, победа од 7 гола, може на крајот на биде и решавачкиот фактор.
Од другите групи, се играше во групата „5“, а таму Турција и Белгија одиграа 27:27, откако гостинот Белгија на полувреме водеше со 18:12 и пропушти голема шанса за победа. Холандија, првиот фаворит од групата со 29:20 ја совлада Грција.
Денеска се игра интересен дуел во Санкт Петербург. Русија ја пречекува Словачка, екипа со која пред една година во Москва одигра 31:31 што подоцна стана и еден од факторите што Русија ја нема на ЕП Хрватска. Од оваа група Луксембург и Финска одиграа 23:23, на меч во Луксембург.
Поврзани вести