Начевски и Николов добија покана за ЕП

Македонските судии Ѓорѓи Начевски и Славе Николов и официјално добија покана за судење на натпревари од Европското првенство што ќе се игра во Хрватска во јануари. 
Македонските судии се меѓу најдобрите во Европа и немаше никаков сомнеж дека од 14 кандидати што беа селектирани ќе останат меѓу финалните 12.
Но, се чекаше само на официјалната потврда, а таа денеска беше објавена на службената веб страна на Европската ракометна федерација. 
Македонските арбитри, заедно со Хрватите Губица и Милошевиќ се единствените од просторите на поранешната Југославија што ќе судат на првенството во Хрватска. 

СУДИИ ЗА ЕП ХРВАТСКА 2018
Andrei Gousko and Siarhei Repkin (Belarus)
Matija Gubica and Boris Milosevic (Croatia)
Vaclav Horacek and Jiri Novotny (Czech Republic)
Martin Gjeding and Mads Hansen (Denmark)
Oscar Raluy and Angel Sabroso (Spain)
Stevann Pichon and Laurent Reveret (France)
Lars Geipel and Marcus Helbig (Germany)
Vaidas Mazeika and Mindaugas Gatelis (Lithuania)
Gjorgji Nachevski and Slave Nikolov (Macedonia)
Duarte Santos and Ricardo Fonseca (Portugal)
Sorin-Laurentiu Dinu and Constantin Din (Romania)
Evgeny Zotin and Nikolay Volodkov (Russia)

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk