Романија немоќна и со Пасквал

Блиц еуфоријата што ја зафати Романија по ланскиот успешен старт на квалификациите и почетниот успех на Чави Пасквал на клупата, издиша како балон откако Србија и Белорусија ги минаа на табелата и ги оставија без ЕП. Магијата на Пасквал ја снема по две кола, а трендот на губење продолжува и во неделата на ЕХФ. 

Романија е гостин на Португалија каде што треба да одигра два натпревара. Првиот го одигра и загуби 24:29 (11:13). Вториот ќе се игра во петок. 

Антуњес со осум и Дуарте (фото) со 4 погодоци беа најефикасни во тимот на Португалија, додека во романскиот состав Бурлацу постигна 4. За Романија настапи и натурализираниот Хавиер Хумет. 

Двата тима квалификациите ќе ги играат во јануари. Романците во Италија ќе играа со Италија, Украина и Фарски Острови. 
Португалија на домашен терен ќе игра со Полска, Косово и Кипар. 
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk