Шишкарев остана капитен на Русија

Данил Шишкарев ќе продолжи да ја носи капитенската лента во машката репрезентација на Русија. На почеткот на подоготовките, пред дуелот со Словачка, со јавно гласање, руските репрезентативци го одбраа Данил Шашкарев за капитен. 

Шишкарев капитенската трака ја доби од селекторот Дмитри Торгованов минатата година кога дотогашниот капитен Тиму Дибиров паузираше со настапите во репрезнтацијата. 

Претходно Дибиров капитенската лента ја доби токму од актуелниот селектор, Едуард Кокшаров, кој сега воведе нов метод, со гласање играчите да одлучат кој ќе им биде лидер на теренот и одговорен за односите со селекторот и целиот логистички тим. 

 
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk