Русија со Кокшаров тргнува по СП

Неделава ќе се играат голем број на репрезентативни натпревари, но само мал број од нив ќе имаат предзнак официјални. 
Додека учесниците на ЕП се подготвуваат за битките во Хрватска, за дел од репрезентациите стартува процесот на мундијалски претквалификации, за СП Данска и Германија. 

Меѓу нив по подолго време се наоѓаат две познати имиња - Русија и Полска. Русите се предводени од нов селектор, директорот на Вардар, Едуард Кокшаров со Давид Дејвис како асистент. 
Русите почнуваат со најсилниот противник, на домашен терен. Утре се среќаваат со Словачка.

По систем дома-гости ќе се игра и групата во која се Холандија, Белгија, Грција и Турција, како и групата во која се БиХ, Швајцарија и Естонија. Другите групи ќе се играат турнирски, во јануари. 

Само победниците од шесте групи ќе се пласираат во баражот што ќе се игра во јуни. 
Овие шест екипи заедно со најслабите три од ЕП Хрватска ќе бидат во вториот шешир во ждрепката што ќе се одржи на последниот ден од ЕП. 

Франција, Германија и Данска се пласирани на СП, а новиот европски првак ќе им се приклучи. Во случај некоја од овие три екипи да стане првак, тогаш најдобропласираната екипа од ЕП што не е директно пласирана ќе го добие тоа место. 

Другите девет репрезентации ќе бидат во првиот шешир. Македонија има директно место во баражот, но ќе и биде потребен пласман во главна рунда за да избегне втор шешир. 


 
 
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk