Ѓер се жали во ЕХФ заради Пешоа

Европскиот шампион Ѓер беше поразен од Ростов на Дон на гостувањето во Русија во рамките на третото коло од Лигата на шампионите. 

Но, Унгарките не го признаваат поразот и го препишуваат на судиски превид, а правдата ќе ја бараат пред судот на ЕХФ. 

Во последните 30 секудни, голманот на Ростов, Маиса Пешоа, направила прекршок со тоа што не ја предала веднаш топката туку ја задржала неколку чекори. За Унгарките тоа е обид за заджување на време што со новите правила се казнува со црвен картон и седмерец. 

За српските судијки Мариќ и Машиќ не би било така, па сега ќе решава ЕХФ. Тешко дека резулатски нешто ќе се промени, но Мариќ и Машиќ би можеле да бидат казнети. 
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk