Филип Јиха во еден момент од својата кариера беше најдобриот светски ракометар. Имаше добра кариера во која на клупски план освои се што требаше, на репрезентативен ја држеше Чешка на ниво кое беше над нивниот квалитет.
Кариерата ја заврши во јуни на 35 годишна возрас уморен од повреди, а сега најавува враќање на теренот, но во улога на тренер.
„Секогаш сум бил десна рака на тренерот на натпревар. Сакам да преземам клуб, да ги реализирам моите визии и да го искористам моето знаење и искуство“, изјави Јиха во интервју за чешкиот ведник Иднес.
Веста сигурно ги радува во Чешка, и сугурно уште од сега има кандидати заинтересирани да ја видат најголемата ѕвезда на шекиот ракомет на својата клупа, но ќе почекаат за реализацијата.
„Засега останувам во Барселона. Овде децата ми се школуваат и нема простор за враќање во Чешка. Немам потреба ниту за заработување, затоа што живееме скромно. Тоа е животот што го сакаме, не се храниме во ресторани ниту трошиме премногу. До јуни, ќе одморам, по тоа ќе видиме“, изјави Јиха.
Со оглед на тоа дека неговите репрезентативни колеги Јан Филип и Даниел Кубеш го водат националниот тим, не би се изнандиле ако наскоро и Јиха го видиме во некоја улога во нивната репрезентација.Можеби веќе и за Европското првенство во Хрватска, иако најави дека до јуни не планира да се враќа назад на теренот.