Мајнов летна за Дубаи

Поранешниот македонски репрезентативец Лазо Мајнов, сезоната ќе ја заврши како играч на Ал Наср од Дубаи. Леворакиот бек денеска заминува за Дубаи кадеа п што треба да го потпише договорот и веднаш да добие право за настап. 

„Добив одлична финансиска понуда од Ал Наср и заминувам за Дубаи“, потврди Мајнов. 


Финансиската понуда била доволно добра што и Еурофарм Работник со кого има договор нема да му прави проблем да се пресели на Блискиот Исток, иако за нив тоа значи нова потрага по десен бек. Уште повеќе што Мајнов беше еден од нивните најважни ракометари. 

Мајнов е вториот исусен повратник што заминува од Македонија на почетокот на сезоната. Претходно и Пелистер се раздели со Филип Лазаров кој веќе дебитираше за екипата на Бешикташ. 

 
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk