СЕХА: Крај на сезоната за Митровиќ

Сезоната заврши за српскиот ракометар Лука Митровиќ (30) во моментот кога се обиде на натпреварот со Вардар да истрча полуконтра. 

Ракометарот на словенечкиот Целје, без дуел, незгодно стапна и веднаш побара лекарска интервенција. Беше изнесен од теренот, а лекарските прегледи констатираа скинати вкрстени лигаменти на десното колено. 

Оваа повреда бара хируршка интервенција за санација и паузата вообичаено е шест месеци. 

Целје останува без еден од играчите на кои многу сметаше сезонава и останува да видиме дали ќе се обидат да ангажираат замена или ќе продолжат со истите сили. 
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk