ЦЕЛЈЕ - ВАРДАР 28:31 (13:16)
Стрелци за Вардар: Недановски 1, Криштопанс 2, Карачиќ 3, Абутовиќ 1, Кањељас 1, Циндриќ 4, Чупиќ 3, Дибиров 6, Шишкарев 6, Борозан 2, Марсениќ 2
Вардар ја продолжи победничката серија во СЕХА Гаспром лигата откако на уште еден дуел со екипа од Лигата на шампионите славеше победа.
Вардар беше гостин на незгодниот Целје Пивоварна Лашко, а во Словенија отпатува без Стоилов, Македа, Мораеш, а Штербик беше на клупа во првите 45 минути.
Убав натпревар одиграа двата тима, а европскиот првак мораше да ги вади сите оружја за да стигне до бодовите. Предводени од Жига Млакар, стрелецот на првите четири гола заз Целје, Словенците диктираа резултат до 15 минута, а по тоа со два брзи гола на Дибиров, Вардар поведе со 10:8. По тоа предноста ја зголеми на плус три на полувреме, а во 35 минута веќе имаше водство од 20:15.
Целје не се предаде, туку напротив, на десетина минути до крајот стигна на минус еден 23:24 и имаше напад за реми. Раул Гонзалез мораше во игра да го внесе и Арпад Штербик и тоа се покажа, како и секогаш, дека е добар потег. Целје промаши два пенала, а Вардар поведе со 26:23.
Уште едно, последно „ура“ имаа домашните кога намалија на 25:27, но Вардар беше фокусиран, пресече еден напад па Дибиров го врати на плус три и таа разлика се одржуваше до крајот.
ТАБЕЛА СЕХА ГАСПРОМ
1. |
Вардар |
6 |
6 |
0 |
0 |
157 : 116 |
18 |
2. |
Mешков Брест |
6 |
4 |
0 |
2 |
175 : 155 |
12 |
3. |
Tатран Прешов |
6 |
4 |
0 |
2 |
173 : 156 |
12 |
4. |
ППД Загреб |
6 |
3 |
1 |
2 |
164 : 154 |
10 |
5. |
Целје Пив Лашко |
6 |
3 |
1 |
2 |
137 : 127 |
10 |
6. |
Горење Велење |
5 |
2 |
1 |
2 |
128 : 129 |
7 |
7. |
Meталург |
6 |
2 |
0 |
4 |
146 : 156 |
6 |
8. |
Нексе |
6 |
1 |
1 |
4 |
144 : 170 |
4 |
9. |
Војводина |
5 |
1 |
0 |
4 |
121 : 146 |
3 |
10. |
Динамо (П) |
6 |
1 |
0 |
5 |
149 : 185 |
3 |