Сега и Исланд се жали

Во народот постои изрека „Што ќе расипе една будала, сто паметни не можат да поправат“. Далеку од тоа дека сакаме да го навредиме делегатот од Финска, но белјата што им ја направи на Хафнарфјордур, Санкт Петербург и на ЕХФ тешко ќе биде поправена. 

Информиравме дека двата натпревари од ЕХФ Куп меѓу Хафнарфјордур и Санкт Петербург завршија со идентични 32:27 за домашните. Требаше да се шутираат пенали, делегатот одлучи да се играат продолженија. И продолженијата се уште се играат, но овој пат пред комисиите на ЕХФ. 

Прво се жалеа Русите кои патем загубија на продолженијата што им ги наметна делегатот. ЕХФ ја прифати нивната жалба и одлучи да се поништи конечниот резултат и да се шутираат пенали. На трошок на ЕХФ, Хафнарфјордур требаше одново да испрати пеналџии и голмани во Русија да го комплетираат натпреварот. 

Но, сега на оваа одлука се жалат Исланѓаните. И кој може да каже дека немаат право. Тие си ја добија средбата по налог на делегатот испратен од ЕХФ. Па останува да видиме дали ЕХФ ќе остане на својот став или одново ќе ја менува одлуката. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk