ЕХФ потврди, нова Лига на шампиони

За промените што ЕХФ ќе ги воведе во Лигата на шампионите веќе пишувавме неколкупати уште летово. За момент ќе бидеме нескормни и ќе се пофалиме дека информациите ни биле точни. 

ЕХФ денеска ги официјализираше промените што во 2020 година ќе бидат воведени во Лигата на шампионите. Новата лига ќе има 12 клуба со можност да се прошири на 16. Тоа не е за очекување со оглед на тоа дека и вака ќе има шест натпревари повеќе отколку сега. Ќе играат секој со секого, по тоа ќе се игра 1/4 финале, па Ф4. 

Најдоброрангираните 8 држави ќе имаат по еден клуб, другите четири ќе добијат покана. Веројатно тие покани ќе бидат поделени меѓу Германија и Франција. 



ЕХФ Куп ќе биде трансформиран и ќе се вика Европска ракометна лига. Ќе има четири групи со по шест екипи. Најдобрите четири од секоја група продолжуваат во елиминации, па Ф4. 
Челинџ Куп ќе се преименува во ЕХФ Куп и ќе се игра како и досега, во нокаут формат. 



Промена која ја очекувавме, а која не знаевме како ќе изгледа е воведена во женската Лига на шампиони. Таму остануваат 16 екипи, но сега ќе бидат поделени во само две групи од по осум екипи. 
Најдобрите четири од групите ќе вкрстат во 1/4 финале, по тоа следи Ф4. 




Женскиот ЕХФ Куп ќе се преименува во Европска ракометна лига, но ќе се игра по истиот формат како и досега. Челинџ Куп ќе се нарекува ЕХФ Куп. 

Овие промени се иницирани на барање на најсилните клубови во Европа кои сакаа да заработат повеќе пари од ЕХФ и дури се заканија со формирање на сопствена лига. Ова ја принуди Виена да им излезе во пресрет, се воведоа промени и во маркетингот и практично клубовите добија што сакаа, а ЕХФ си остана безбеден во владеењето со ракометот. 

Ова ќе биде голем удар за помалите ракометни земји кои имаат клубови во кои се инвестира. Мешков Брест, Татран Прешов, Целје Пивоварна Лашко, па вице прваците Металург, Пик Сегед, Висла Плоцк, Горење, веќе нема ни да помирисаат Лига на шампиони. Ќе мора да се задоволат со играње во Европската ракометна лига.  

Македонија во овој момент има екипа и рејтинг за клуб во Лигата на шампионите, но да не заборавиме, промените се однесуваат за сезоната 2020, а како ќе биде овде по две години не би прогнозирале. но се надеваме дека Вардар ќе биде на нивото од сега. 
 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk