СЕХА: Горење го истепа Металург

МЕТАЛУРГ - ГОРЕЊЕ  24:29 (14:16)
Стрелци за Металург: Јагањац 6, Димитриоски 4 (3), Танкоски 1, Серафимов 1 (1), Илиќ 2, Ангелиќ 4, Велковски 2, Пешевски 3


Металург не успеа на дуелот со Горење да го повтори успехот од минатата сезона. Гостите иако без Брумен и Тоскиќ дојдоа добро подготвени, убаво знаеја како да ја нападнат одбраната на Металург, а и да се одбранат и од традиционалните напади и од новитетите како Танкоски на пример и вечерва очајната игра седум на шест. 

Мечот беше убав за гледање, штета што Металург немаше алтернативи на клупата во вид на поискусни играчи, пред се кога се работи за дуел игра. 

Горење отвори поубаво и по 15 минути имаше водство од 8:4. Но, битката допрва се загреваше. 

Стрелаше од сите оружја Металург, но стрелаше и Горење. Одбраните беа ставени во втор план, а екипите се надигруваа на теренот. Во таква ситуација Горење имаше контрола и водеше, но Металург пружи машка борба и минута по минута беше се поопасен. 

Успеа да израмни Металург на 14:14, но во последната минута гостите постигнаа два гола, па на одмор заминаа со предност од два гола. 

На почетокот на второто полувреме Металург израмни, го презема водството, а на тренерот Жељко Бабиќ веќе не му беше до надигрување. 
Повика тајм аут им се развика на своите пулени и им нареди да играат одбрана. 
Од тој момент мечот доби поинаков тек. Наредбата да играат одбрана буквално ја сфатија таканаречените „кољачи“, Кленц и Маркотиќ, па почнаа одбрана со многу контакти, груби фаули и провокации, што против млад тим вообичаено дава резултат. Металург не беше подготвен да врати со иста мерка. Имаше и искри, Маркотиќ против Велковски, на пример, класично покажување на сила и слично.

Видовме и периоди во кои и двата тима играа седум на шест. Но, наспроти тоа што сме навикнале да го гледаме, Металург да дава голови, сега примаше. И кога беше во напад, двапати погоди голманот Ферлин и кога беше во одбрана, Горење постигна два гола и го сврте резултатот во своја полза. 

Но, борбата продолжи траеше се до 52 минута кога Јовиќ повика тајм аут, при водство на Горење од 25:23 и им даде задача на своите играчи да играат за публика и да се обидат со цепелин. Не мина славно оваа идеја, по тоа и голманот Ферлин му одбрани на Ангелиќ шут по атрактивната асистенција на Илиќ и Горење кој беше посериозен тим во финишот почна да се одлепува до конечните 29:24. 
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk