Наспроти глобалното мислење дека на исток се организираат натпревари под стандардите на ЕХФ, ситуацијата на терен е поразлична, а поплаки се повеќе има на организацијата на западните држави.
Веќе знаете како мина Охроид во Порто, а сега ЕХФ објави казна од 4.000 евра и за шпанската ракометна федерација.
Шпанците имаат обичај во различни градови да ги играат своите квалификациски натпревари, па така за ЕП Хрватска, играа во Вањадолид, па во Леон и на крајот во Аликанте.
Токму Аликанте ќе ги чини 3000 евра во готово и 1000 условно. На 17 јуни гостин на Шпанија беше Финска, а домашните мечот го организирале во сала во која немало клима, немало официјален спикер на најавувањето на екипите, а и подот бил валкан.
Меч под стандарди и конечно стигна опомена и за недопирливите Шпанци.