Осум тренери по Мастер коуч лиценца

Осум македонски тренери следната недела ќе го почнат процесот за добивање на мастер коуч лиценца, највисокиот степен на тренерска лиценца според ЕХФ. 

Сите осуммина се добро познати на македонската јавност. Тоа се Александар Петровски - Сајкал, Симе Симовски, Аце Станковски, Александар Јовиќ, Никола Матлиески, Благоја Весиќ, Душко Кландев и Владимир Глигоров. 

Процесот е поделен на три дела, т.н. модули. Првиот е следната недела во Загреб, по тоа има можност за време на ЕП во Хрватска во Пореч и финално на ракометниот фестивал во Умаг. 

Поранешниот тренер на Металург, а сега директор на спортскиот центар „Борис Трајковски“, Александар Петровски прв би требало да се здобие со мастер коуч лиценца од ова друштво со оглед на тоа дека тој веќе има еден модул и за време на ЕП Хрватска во јануари треба да ја добие лиценцата. 

Досега само пет македонски тренери можат да се пофалат со мастер коуч лиценца. Тоа се Данило Брестовац, Звонко Шундовски, Стевче Алушовски, Андон Бошковски и Борче Марковски. 

Мастер коуч лиценцата треба да биде услов за да може да се води екипа во Лигата на шампионите, но засега тоа не функционира како што е замислено со оглед на тоа дека има неколку тренери што водат екипи во ЛШ, а немаат ваква лиценца. Но, еден ден ќе се заострат критериумите, па екипите што нема да имаат лиценциран тренер ќе се најдат во небрано. 

 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk