ЕХФ: Ќе играат на пенали

Екипите на Санкт Петербург и Хафнарфјордур од Исланд одиграа два натпревара во рамки на ЕХФ Куп, а и двата меча завршија со идентичен резултат 32:27 за домашниот тим. 

Според правилата на ЕХФ, требаше да се шутираат пенали, но делегатот направи голема грешка и нареди да се играат продолженија. По ова екипата на Санкт Петербург се жалеше и случајот отиде пред ЕХФ. 

Констатирана е грешка на делегатот и наложено е победникот да се добие со изведување на пенали. 

Трошоците за патување и организација на пенал рулетот ќе си ги плати ЕХФ. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk