СЕХА: Металург сака реприза со Горење

Попладнево од 18:45 часот, Металург во ВИП Арената „Борис Трајковски“ го пречекува тимот на Горење во рамките на СЕХА Гаспром шампионатот.

Тоа е дуел на две екипи од Лигата на шампионите. Играат во „Ц и Д“ групите и не можат да се сретнат во оваа фаза во ЛШ, но затоа СЕХА Гаспром нуди уште еден ЛШ-дуел на своите екипи.

Металург во финишот на ланската сезона, во своите најдобри моменти ги совлада Чеховски медведи и Горење, сега му се нуди иста таква шанса. Русите беа совладани во Чехов, на почетокот на ноември доаѓаат во Скопје, а Горење е убава шанса да се комплетира впечатокот. 
Иако, моментниот тренер на тимот, Александар Јовиќ, вели дека во преден план е играта, резултатот не им притисок. 

“Претстојниот натпревар со екипата на Горење е последен пред Неделата на ЕХФ и е тест за нашите поставени цели. Наша примарна цел во оваа фаза од сезоната е да играме се подобро и се поборбено во од натпревар во натпревар. Треба да си помагаме еден на друг и да не го штедиме своето тело, бидејќи само така можеме да ја придобиеме публиката, која знае да процени дали една екипа игра борбено. Во напад треба да играме до конретна шанса за удар, а со тоа се почитуваме самите себе, го почитуваме клубот и ја почитуваме публиката. Резултатот ни е во втор план“, изјави Јовиќ.



Горење игра интересна сезона во ЛШ. Иако тоа е екипата  со најмал број на гледачи на домашен терен, ги одигра најинтересните натпревари досега. Има скор од три победи и два пораза, а од сите пет натпревари четири завршија со еден гол разлика, а една средба со два гола разлика. Победија со Адемар, Динамо Букурешт и Скјерн, а загубија од Кадетен и Елверум. 

Металург има за бод послаб скор од нив, а еден од јунаците на првата победа на Металург во чеховската „Олимпискаја“ беше Мартин Томовски. 

“Екипата на Горење Велење нам ни е познат противник од минатата сезона, имавме една победа дома и еден пораз на гости. Составот на екипата е речиси ист, иако имаат и нови имиња. Убеден сум дека тренерот Бабиќ добро ќе ги подготви играчите. Се надевам дека и на овој дуел ќе одиграме добро во одбрана и супериорно во нападот, како против Мотор Запорожје и против Чеховски Медведи. Би сакал да упатам апел до публиката, да дојде да не поддржи во поголем број и верувам дека ние ќе и се оддолжиме со одлична игра“, изјави Томовски


Во СЕХА лигата Металург е на шестото место, а Горење е веднаш зад него со два бода помалку и натпревар помалку. 

                                                     ТАБЕЛА СЕХА ГАСПРОМ
1. Вардар 5 5 0 0 157 : 116 15
2. ППД Ззагреб 6 3 1 2 164 : 154 10
3. Целје Пив.Лашко 5 3 1 1 137 : 127 10
4. Татран Прешов 5 3 0 2 146 : 133 9
5. Мешков Брест 5 3 0 2 139 : 128 9
6. Mеталург 5 2 0 3 122 : 127 6
7. Горење Велење 4 1 1 2 99 : 105 4
8. Нексе 5 1 1 3 121 : 143 4
9. Војводина 4 1 0 3 94 : 110 3
10. Динамо Панчево 6 1 0 5 149 : 185 3

 
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk