Делегат направи хаос во ЕХФ Куп

Поранешниот ракометен судија од Финска, Курт Шјолунд е во структурите на ЕХФ од нивното формирање. Како судија уште од 1992, како делегат од 2004. Бил делегат на стотина меѓународни натпревари, но вчера се чини дека и стави крај на својата делегатска кариера. 

Во рамките на второто коло на ЕХФ Куп, во Санкт Петербург се сретнаа домашниот Нева Ст. Петербург и Хафнарфјордур од Исланд. 
Првиот меч пред седум дена на Исланд заврши со победа од 32:27 за Хафнарфјордур.
Вториот меч во Русија заврши со победа на Санкт Петербург од 32:27. 

И место да победникот да се реши со изведување на пенали, Курт Шјолунд, реши да се играат продолженија. Попусти беа убедувањата дека не се играат продолженија кога се игра дома-гости. Неговата одлука беше последна. 
Победи Хафнарфјордур (6:5), Русите се жалеа и ЕХФ отвори постапка. Натпреварот се уште не е службено регистриран. 
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk