„Пакомак“ започнува акција за чистење на Скопје

Компанијата „Пакомак“ започнува со акција за чистење на Скопје под мотото „Селектирај иднина!- Заедно за почиста животна средина“. Од компанијата велат дека бројот на локации од ѓубришта кои го „разубавуваат“ Скопје станува сè поголем, а колективната свест е спуштена на доволно ниско ниво за да направи од нас роботи кои минуваат покрај отпадоци и не превземаaт ништо.

„Редовната појава на нечистотија и неодговорност кај нас создаде слепило кое не дозволува да го замислиме Скопје во една поубава форма. Промената почнува од нас самите, затоа да излеземе од удобноста на нашите домови и да бидеме тие кои ја прават промената. Да бидеме пример за останатите, пример за нашите деца, внуци, најмлади...“, велат во „Пакомак“.


Првата акција ќе започне утре во 11 часот во населбата Скопје- Север, а за сите кои сакаат да се приклучат ќе биде обезбеден бесплатен превоз кој ќе тргнува од фонтаната во Градскиот парк во 10,30 часот. Деталите за точната локација можат да се добијат на Фејсбук страницата на компанијата.
 
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk