Натурализација на дневен ред на ИХФ

На почетокот на ноември (11-12 ноември) во турскиот град Анталија ќе се одржи редовниот Конгрес на ИХФ. Многу точки што ќе предизвикаат внимание и што ќе внесат промени во ракометот ќе бидат на дневен ред. 

Издвојуваме дека ќе биде променет системот на натпреварување и ќе биде укината нокаут фазата на Светстките првенства, почнувајќи од следниот мундијал и ќе биде вратена Главна рунда. 

Во обид да се освои американскиот пазар, ќе се промени системот на квалификации што ќе им го олеснат патот до мундијал на САД. 

Интересна и многу важна точка е предлогот на Црна Гора за зауздување на натурализацијата на играчи. Нивниот предлог се состои во тоа играч да не може да смени репрезентација доколку претходно имал настап за сениорски тим. Промената на националниот дрес ќе биде изводлива за помладите категории. 

Изненадувачки овој предлог го мина првото сито и ќе стигне до делегатите на ИХФ, но и натаму му даваме мали шанси да биде профатен и имплементиран. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk