Докажано: Пивото го подобрува расположението

Дали имате убаво чувство кога ќе се напиете пиво по долг работен ден? Конечно и научно е докажано дека овој пијалок релаксира, не само поради алкохолот, туку поради една состојка на пивскиот слад, хордеин, кој го активира центарот за наградување во нашиот мозок, на сличен начин како и допаминот.
Студија на германски научници покажа дека токму хордеинот во пивото може да биде одговорен за зголемување на расположението со тоа што го активира клучниот допамински рецептор. Тие тврдат дека хордеинот на мозокот делува на сличен начин на хормонот на среќата, како и дека и хорденинот и допаминот го стимулираат рецепторот Д2 во мозокот.

„За чувството на релаксација и добра волја, кои ги дава испиената чаша пиво, е одговорна комбинацијата на алкохол и хордеин, вели Monika Pischetsrieder, автор на студијата и посочува дека сличен ефект врз мозокот има салсолинол, состојка на чоколадото.

Научниците сега се обидуваат да откријат колку хордеин има во пивото и колкава количина е потребна за да се предизвика овој ефект. Pischetsrieder вели дека на добра волја на луѓето не влијае само една состојка во храната или пијалоците, туку тоа се комбинации од супстанции. На пример, кај чипсот тоа се мастите и јаглехидратите.
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk