Пораз на атракцијата ПСЖ

Пари Сен Жермен вечерва уште еднаш покажа дека повеќе се ракометна атракција отколку што се вистински тим што треба да доминира во Лигата на шампионите. 

Најскапиот состав во историјата загуби на гостувањето кај Флензбург (29:33), иако на полувреме имаше гол предност. Никола Карабатиќ мечот го заврши со запирка зад своето име исто како и Даниел Нарсис. Уве Гнезајмер постигна девет, Сандер Сагосен шест гола, пет пати погоди Микел Хансен. 
Расмус Лауге на спротивната страна постигна 11 гола, а Гландорф девет. 

Втор „кикс“ на три натпревари и за Келце. Полјаците спремија петгодишен план, но можеби ќе треба да го менуваат уште пред да го објават во јавноста. 
По Мешков Брест уште една екипа од СЕХА Гаспром лигата, Целје Пивоварна се украси со „скалпот“ на ланскиот европски шампион. Конечниот резултат е 31:27 за Целје. 

Веспрем славеше на гостувањето кај Мешков Брест и сега е единствената екипа со три победи. Утре треба да им се приклучи Вардар. 

 
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk