Лино пак заминува, го пропушта ППД Загреб

Металург цела недела се подготвуваше за дуел со Спортинг Лисабон без тренерот. Червар беше во Хрватска со обврски кон репрезентацијата и прашање беше дали воопшто и ќе седи на клупата. Пристигна денеска, го водеше тимот кој ја запиша првата победа и по тоа одново замина за Хрватска. 

„Не ми е тешко ова што го правам затоа што ракометот понекогаш го сакам и повеќе од себе. Не ми е сеедно кога ќе прочитам дека сум бил непрофесионален. Сите што ме познаваат за овие 40 години знаат дека секогаш давам се од себе. И сега, не ми е тешко да патувам 8 часа  да бидам на натпревар и да се вратам пак назад“, изјави Червар. 

Сепак, малку недостасуваше да пушти и солзи на денешната прес конференција.

„Имаме многу проблеми. Имаме само еден комплет дресови. Ако се искинат, може и да не излеземе на натпревар“, изјави Червар. 

Хрватскиот тренер додаде дека нема да биде на клупата на натпреварот со ППД Загреб, а на прашањето кога ќе се врати повторно во Скопје, едноставно ги крена рамениците. 

 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk