Шилегов и Серафимовски добиваат шанса

Лино Червар од 800 километарска дистаца го состави тимот за денешното одмерување на силите со Спортинг и има дури четири измени во тимот во однос на претходниот натпревар. 

На местото на голманот Мартин Томовски на Арсиќ ќе му помага Никола Даниловски. Очекувавме вакво нешто порано или подоцна, затоа што едноставно и Даниловски заслужува шанса да се појави во Лигата на шампионите. Мало изненадување е дека на местото на пикерот Костадин Петров во составот е Филип Арсеновски. Пикерот на јуниорскиот тим досега беше во трет план, но очигледно Червар е решен да ги забрза работите. Најголемото изненадување е што на позицијата десно крило место Гуглета е младиот Мице Шилегов. Ова покажува дека тој е третиот ракометар што ќе биде фрлен во оган. Мартин Серафимов кој денеска ќе биде на местото на Лапајне и Танкоски кој денеска не е во тимот, но наскоро со сигурност ќе биде се носителите на новите сили. 

Во тимот е и Стефан Дрогришки. Металург и Еурофарм Работник веќе почнаа преговори за негов трансфер во Битола, останува да видиме кога и дали ќе биде реализиран. Металург за него бара отштета, но таа не е којзнае колку висока, па останува да ја чекаме реакцијата на битолчаните. Во меѓувреме се оди како што и досега било. 

На техничкиот состанок беа објавени составите на двете екипи. 

Металург: Арсиќ, Даниловски, Анџелиќ, Арсеновски, Димитриевски, Дрогришки, Илиќ, Јагањац, Кузмановски, Палевски, Пешевски, Серафимов, Шилегов, Танкоски, Токиќ и Велковски.

Спортинг: Арујо, Бјелановиќ, Борхес, Божовиќ, Карнеиро, Карол Марзо, Чудиќ, Б.Гашпар, М.Гашпар, Копчо, Никчевиќ, Портела, Роча, Руезга, Тавареш и Виетија Валдез.

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk