ЛШ: Кил без тренер во Келце

Проблемите на Кил секој ден стануваат се поголеми. Не само што најпопуларниот германски клуб загуби на четири од седум досега одиграни натпревари (три во Бундес лигата и еден во ЛШ), туку и на многу непријатното гостување во Келце ќе мора без тренерот Алфред Гисласон.

Не е сменет Исланѓанецот, иако натаму оди работата, туку овој дуел го прескокнува од здравствени причини. Гисласон мораше да оди на операција на диск хернија и не е со екипата која во недела ќе се соочи со Келце, тим што имаше непријатен старт и пораз на првиот меч од ЛШ, од сехалигашот Мешков Брест. 

Неговото отсуство од теренот нема да биде долго, се очекува следната недела да се врати на должностите во клубот, а дали оваа шок терпија ќе ги разбуди „црно-белите“ или ќе запишат уште една лоша епизода, ќе видиме во недела. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk