Нелоски дебитираше за Кобург

Македонскиот ракометар Марко Нелоски денеска ја доби дозволата од Бундес лигата за настап и веднаш беше во составот на Кобург 2000 на натпреварот со екипата на Балинген. 

Победи Кобург, убедливо 32:25, во текот на натпреварот на кој комплетно доминираше имаше неколкупати водство и од 10 гола разлика. 
Македонскиот ракометар како што и се очекуваше немаше голема минутажа. Тоа е некое непишано правило во Германија, но доби шанса да игра во финишот на натпреварот. 
Имаше и три обиди за гол првенец во Германија, но за жал не успеа да го совлада голманот Марван Магаиз, голманот на Балинген, инаку нам познат и како голман на репрезентацијата на Тунис. 

Кобург сега има скор од две победи, реми и пораз и полека се движи кон горниот дел на табелата, посебно затоа што Балинген беше еден од тимовите што досега немаа пораз. Кобург во моментов е на 8 место со три бода помалку од лидерското трио Бергишер - Хам - Нордхорн. 
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk