Металург на ЕХФ Арбитража

Два случаја врзани со Металург се отворени кај Арбитражната комисија на ЕХФ во Виена. 
Едниот е добро познатиот случај со трансферот на Немања Обрадовиќ за кој Металург бара отштета за да му издаде серификат. 
Не можеа да се договорат Металург и Висла Плоцк околу условите под кои Обрадовиќ би станал нивни играч, мина многу време, Лигата на шампионите е пред вратата ЕХФ ќе треба брзо да донесе одлука.

Вториот случај во Виена е отворен од страна на Филип Миркуловски. Металург и Миркуловски имаат нерасчистени сметки од времето кога тој играше за Металург и ракометарот реши правдата да ја бара во Виена. Не се работи за мала сума на пари. Петцифрена е бројката изразена во евра.

За целата ситуација да стане многи покомплицирана, а иднината на Металург далеку од светла, ќе додадеме дека не е само Миркуловски во прашање. Наскоро ќе има нови рочишта на нашиот граѓански суд каде што Мојсоски, Вугринец, Станиќ и другите ракометари кои пред три сезони играа во Металург го тужат клубот од „Автокоманда“. 

 
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk