Марко Нелоски пред потпис со Кобург

На прагот сме на разрешување на уште една комплицирана ситуација во која се најде македонски репрезентативец. 
Марко Нелоски е пред трансфер во германскиот тим Кобург 2000, член на втората по квалитет Бундес лига. 

Информацијата се уште е неофицијална, но очекуваме денска-утре да има и официјална завршница, односно Кобург да плати отштета, Металург да издаде сертификат и Марко Нелоски да го облече дресот на германската екипа. 

Нелоски веќе тренира со Германците, а тренерот на Кобург 2000, Јан Гор, е задоволен.


„Импресиите од тренинзите се позитивни. Но, се уште има некои административни работи кои не се завршени, па затоа и се уште нема зелено светло“, изјави Јан Гор за официјалната веб страна на Кобург 2000, во која Нелоски веќе е претставен на домашните навивачи. 
 


Марко Нелоски е еден од триото ракометари кое најчесто го споменуваме како носител на новата генерација на репрезентацијата на Македонија. Заедно со Талески и Кузмановски во наредните десетина години ќе бидат играчите од кои најмногу очекуваме. Ова го велиме без никаква намера да ги ставаме во втор план и другите играчи како Томовски, Велковски... 
Затоа неговиот трансфер е многу битен, Македонија едноставно не може да си дозволи да губи ракометни таленти. 

Нелоски најави разделба со Металург меѓу првите по завршувањето на сезоната, беше поврзуван со трансфер во повеќе екипи, но Кобург 2000 е клубот кој ќе го направи конкретниот чекор. Задоволен мора да биде и Металург кој комплетира уште еден трансфер.

 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk