Супер глоуб останува во Доха

Супер Глоуб или Светското првенство за клубови и следната година ќе се одржи во Доха, а по тоа е можна и промена на локацијата, објави Катарската новинска агенција. 

Супер Глоуб се одржува во Доха од 2010 година, Катар има одлични услови и обезбедува уште подобри финансиски награди и Супер Глоуб стана еден од најпрепознатливите продукти на ИХФ и Катар. 

Годинава за прв пат учествуваше и македонски клуб и не е исклучено и следната сезона да биде исто, дури и да не биде Вардар европски првак, затоа што видовме дека годинава поканата од ИХФ годинава ја одбија ПСЖ и Веспрем, а претходно, од политички причини и првакот на Азија Ал Ахли и екипата на Ал Нор од Саудиска Арабија. 

По 2018, дури и да има промена на домаќинот, не веруваме дека Супер Глоуб би заминал од Блискиот Исток, бидејќи тешко дека некаде на друго место во светот ИХФ би нашол федерација која би обезбедила 400.000 долари награден фонд. 

 
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk