Загревањето пројде, на ред е мак-дербито

СЕХА Гаспром лигата почна вчера, со словенечкото, српското и интернационалното дерби во кое се сретнаа Татран и Мешков Брест. 
Вечерва се игра се мечот меѓу хрватските екипи ППД Загреб и Нексе, и со тоа завршува „загревањето“. Првото коло ќе биде заокружено со мечот што треба да биде црешата на врвот на тортата, а тоа е пресметката меѓу двата најдобри македонски клуба, Металург и Вардар. 

Првиот натпревар ќе се одигра во „Борис Трајковски“, што вели дека Металург е домаќин и тие го имаа задолжението да ја организираат првата прес конференција сезонава. 

Вообичаено, кога се работи за премерна прес конференција, се зборува на повеќе теми, а оваа не беше исклучок. Лино Червар, во свој стил прозборе не само за Вардар, туку и за други работи што го мачат, воедно и за плановите на клубот, а тие се врзани за младите ракометари.

„Ние и оваа сезона ќе ја имаме најмладата екипа во Лигата на шампионите и во СЕХА Гаспром. Имавме над 90% од репрезентативците на Македонија на У21 мундијалот во Алжир, ќе имаме сличен процент и во следните генерации на македонски репрезентативци. Тука се гледа нашата работа. Тука се гледа каде се создаваат репрезентативци. Во период од 10 години ќе се види се, не само во Македонија, туку и во Европа и целиот свет.
Јас би сакал да ги пофалам и поздравам сите клубови во Македонија што работат со млади играчи. Тоа го прави Вардар, го прави Прилеп, Охрид, Еурофарм... 


Првиот натпревар во СЕХА е против Вардар и тоа е отворање какво што може да се посака. 

„Прво сакам да му честитам на Вардра за освоената титула. Тоа е голема работа за македонскиот ракомет. Тие ќе бидат големи фаворити во сабота, но ќе пружиме отпр. Се надевам на борбена игра со многу волја од оваа млада екипа. Ќе играме и седум на шест и шест на шест. Поинакви сме. Заминаа Обрадовиќ, Младеновиќ, Марчец... загубивме можеби на ширина, но добивме на младост“, изјави Червар. 

Филип Кузмановски по настапот на репрезентацијата во Алжир, сега се враќа на клупските обрвски. 


„Чест е сезоната да ја отвориш против европскиот првак. Имавме добри подготовки и на Маврово и во Охрид. Се забележува напредок кај играчите, желба да се бориме. Се надевам дека ќе пружиме силен отпор и ќе прикажеме голема борбеност на мечот со Вардар. Ја повикувам публиката не само на овој натпревар, туку да доаѓа и да ни дава поддршка и на сите натпревари во СЕХА и Лигата на шампионите“, изјави Кузмановски. 


Натпреварот се игра во сабота со почеток од 17:45 часот. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk