СЕХА Гаспром лигата годнава е посиромашна со имиња, но судејќи според првиот натпревар, ќе биде многу побогата со неизвесност, израмнетост, а ниту квалитет нема да недостасува.
Премиерата на сезоната беше за Татран и Мешков Брест. Еден тим што се бори за место во групната фаза на ЛШ, еден што веќе има место во поквалитетните групи.
Победи Татран и тоа со пресврт во последните 30 секунди од натпреварот.
Мешков Брест поведе со 3:0 на почетокот и тоа беше највисокото водство на една од екипите. Во 10 минута, Татран израмни (3:3) и од тој момент, до крајот ниту една екипа немаше водство повисоко од 1 гол.
Така беше и во финишот, Мешков Брест поведе со 23:22, а Татран го имаше последниот напад. Доминик Крок погоди за реми на 30 секунди до крајот, а по тоа Мешков се сплетка во нападот, па им даде уште една шанса на домашните, а Крок уште еднаш беше прецизен и му ги донесе првите три бода на тимот од Словачка.
Српското дерби му припадна на дебитантот Динамо Панчево кој успеа да ја изненади фаворизираната Војводина и тоа среде Нови Сад.
Интересно беше и во Велење, каде што домашниот Горење го пречека Целје. Слабата реализација на домашните и одличната партија на Жига Млакар (8/11) му ги донесоа првите три бода на Целје Пивоварна Лашко.
СЕХА ЛИГА, 1. КОЛО:
ТАТРАН ПРЕШОВ - МЕШКОВ БРЕСТ 24:23 (11:11) статистика
ВОЈВОДИНА - ДИНАМО ПАНЧЕВО 24:29 (16:16) статистика
ГОРЕЊЕ - ЦЕЛЈЕ ПИВОВАРНА ЛАШКО 22:25 (12:12) статистика
ФОТО:
seha-liga.com