Прилепчани на гости кај градоначалникот

Малку по малку си доаѓаат на свое место работите во Прилеп. Екипата денеска е комплетираа, а добредојде на засилувањата беа специјални гости на градоначалникот каде им беше посакан успех и што побрзо прилагодување

За Прилеп поддршката од општината е од големо значење и засега можат да бидат мирни со оглед на тоа дека градоначалникот потенцираше дека локалната самоуправа и понатаму ќе биде еден од главните спонзори и поддржувачи на РК „Прилеп“ и воопшто на целиот спорт во Општината.

„Денеска во Општина Прилеп беа присутни новите засилувања на на РК „Прилеп“, задоволство е што клубот во овој преоден период за новата сезона се засили со 4 нови играчи. Костурот на екипата е претежно со играчи од Прилеп, што значи прилепскиот ракомет има добра иднина, а тоа укажува на доброто и домаќинско работење во клубот и продуцирање на млади кадри кои во иднина треба да бидат носечки во овој клуб. Мислам дека љубителите на ракометот ќе уживаат во оваа сезона со добри утакмици, а ние како локална самоуправа и понатаму остануваме едни од главните спонзори на РК „Прилеп“ заедно со неколкуте други приватни компании. Нашата цел беше да се вратат повторно на сцена оние два големи спортови, ракометот и фудбалот во Прилеп, и мислам постепено го постигнуваме тоа. А оваа година со добри игри може да влеземе и во плеј офот“, изјави Марјан Ристески, градоначалник на Прилеп.

Најновото засилување за Прилеп е ракометарот Константин Вешовски. Тој втор ден тренира со Прилеп и се очекува да биде нивно големо засилување. 

„По потекло сум од Струга, имам настапувано во повеќе клубови во македонската Супер лига. Последно настапував за Пелистер, потоа бев слободен играч. Добив покана од РК „Прилеп“, најдовме заеднички јазик и договор и се надевам дека ќе соработуваме успешно и ќе ги оствариме целите, а тоа е влез во плеј офот“, рече Константин Вешоски, ново засилување на РК „Прилеп“.



ФОТО: prilep.gov.mk

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk