Екипата на ЖРК Вардар сезонава ќе биде член на Супер лигата без привилегии и редовно ќе се натпреварува низ првенството.
Ова значи и дека се укинува плеј оф натпреварувањето и шампионот ќе го добиеме по комплетирањето на првенството. Минатата сезона да потсетиме, Вардар се натпреваруваше единствено на завршниот турнир. Јасно, со оглед на разликата во квалитет немаше дилеми како ќе заврши првенството, но екипите од домашниот шампион сакаат да играат против Вардар и ова мораше да се менува.
Враќањето на финалистот на Лигата на шампионите во редовно натпреварување, не е единствената новост. Во женската Супер Лига ќе играат осум екипи. Тие што следеле женски ракомет, ќе забележат дека веќе ја нема екипата на Прилеп. Некогашниот вице-првак на Македонија, тогаш познат како Тутунски Комбинат. Прилеп, сепак, ќе има екипа, а тоа е новиот клуб - Деспина. Деспина е нов клуб во кој се прелејаа играчите од некогашниот Прилеп кој оди во мирување.
Денеска во РФМ беа извлечени натпреварувачките броеви, па сега го имаме и комплетниот распоред на првенството. Можете да го погледнете на следниов
линк.
фото: zrk.vardar.mk