Прилеп го ослободи бекот од 2.07 метри

Екипата на Прилеп нема да потпише договор со српскиот бек Лука Карановиќ. Ракометарот кој во Прилеп дојде од редовите на унгарскиот Цегледи, а вниманието го привлече првенствено затоа што е висок 207 сантиметри и шутира со левата рака , не ги задоволи вкусовите на прилепчани. 

Се работи за млад, перспективен ракометар, но во моментов на Прилеп му треба нешто друго. Клубот нема доволно голем буџет за да носи странски засилувања на кои ќе им треба време да созреат и да почнат да пружаат партии со кои ќе бидат задоволни и клубот и тренерот и гледачите.

На Лука Карановиќ ќе му биде потребно време, но за жал Прилеп не може да чека. Затоа е донесена одлука да не се потпише договор со него. 

Засилување за Прилеп, сепак, ќе има. Македонскиот ракометар Константин Вешовски тренира веќе втор ден со Прилеп и најверојатно тој ќе добие договор. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk