Кина го гради првиот град-шума

Кина го гради првиот град- шума во светот по дизајн на италијанскиот архитект Стефано Боери. Градот е дизајниран за 30.000 жители, ќе има еден милион растенија и ќе биде целосно енергетски ефикасен. Планирано е населувањето да започне во 2020 година.
Во последните неколку години има се повеќе и повеќе футуристички градски концепти кои се базираат, пред се`, на одржливост и самоодржливост. Така, архитектот Стефано Боери, чие студио се наоѓа во Милано, започна со фасцинантна футуристичка градска концепција, заснована на одржливост и самоодржливост - првиот град- шума во светот, во регионот на Лиужоу, во кинеската провинција Гуангкси.
На одржлив начин, со користење на обновливи извори на енергија, овој иновативен концепт на град е замислен со околу еден милион растенија од речиси 100 различни видови, покрај 40.000 дрвја, кои ќе бидат засадени на самите градби.
Ова, според архитектите, ќе биде доволно зеленило кое секоја година ќе може да апсорбира 10.000 тони јаглерод диоксид и 57.000 тони други загадувачи. Градот ќе биде вселив во 2020 година. Покрај ззградите за 30.000 луѓе, се планира изградба на болница, две училишта и голем број на трговски, бизнис и рекреативни простори. За да се обезбеди лесен транспорт, шумскиот град со регионот и соседниот град Лиужоу ќе биде поврзан со брза железница и сообраќајници.
За да ги оправда еколошките карактеристики градот-шума ќе користи комбинација на соларна и геотермална енергија, а зеленилото, според проценките треба да произведува 900 тони кислород. Растенијата, распоредени не само во парковите, градините и на улиците, туку и на фасадите на зградите обезбедиуваат енергетска независност на градот и подобрување на квалитетот на воздухот, намалување на просечната температура на воздухот, бариери за бучавата и подобрување на биолошката разновидност преку создавање на живеалишта за птици, инсекти и мали животни. 
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk