ПЕТЕР ЗАЛОКАР: Пак овие Македонци

Петер Залокар е спортски новинар од Словенија. Зад себе има 23 години минати низ новнарските битки од кои 11 како дел од РТВ Словенија, а 12 како новинар на весникот „Дело“


Тешко во ракометниот свет би нашол две слични нации какви што се Словенија и Македонија. Затоа и соопштението на првиот човек на словенечкиот ракомет, Фрањо Бобинец на Собранието на Ракометниот сојуз на Словенија (РСС) минатиот месец, дека Словенија и Македонија заеднички се кандидати за организација на Европско првенство во 2022 или 2024 година наиде на многу добар одѕив кај сите присутни. 

Не знам какви се шансите. Дали делегатите на годишниот конгрес на ЕХФ на 19 јуни 2018 година во Единбург ќе ги поддржат овие две мали земји, затоа што конкуренцијата е навистина силна - Шпанија, Германија, Франција, Русија, Унгаија, и Данска се само најзвучните на списокот на кандидати. 

Треба да се им на ум и дека Еуро од 2020 ќе биде уште поголем настан, со 24 репрезентации место досегашните 16 колку што за последен пат ќе бидат во јануари во Хрватска. Тоа воедно значи и дека четири сали, тешко дека ќе бидат доволно. Но, имаат Словенија и Македонија свои компаративни предности што можат да бидат и решавачки. 

Кога Бобинец, водачот на управата на мултинационалната компанија „Горење“ стана претседател на РСС во сега дамнешната 2008, една од неговите големи цели беше организација на големо натпреварување тоа е всушност и единствената работа што не ја исполнил. 

Словенија играше на ОИ во Рио, а на СП Франција свои бронза. Женската репрезентација во која е ѕвезда неговата поќерка Ана Гроз по долго време се врати на големата сцена и настапи на Еуро 2016 во Шведска и се пласираше на СП Германија 2017. 

Целје, Горење и Крим Меркатор се учесници во Лигата на шампиони, а и самата компанија Горење стана еден од големите спонзори на ЕХФ. Ждрепката за Лигата на шампионите по прв пат се организираше во Словенија, во Љубљана. Таму сега е „цар“ Зоран Јанковиќ, ккој додеке беше алфа и омега во словенечкиот ракомет, организираше ЕП (2004) и играше и во финалето, освои сребро што беше прв медал во историјата. 
Баш таму горе, „на Љубљанском старом граду“ го потсетив господинот Бобинец на неговите зборови од пред 9 години. Што му недостига за да го стигне, можеби и надмине големиот Јанковиќ? Шлагот на тортата е - големо натпреварување. 

Тоа што во Целје се организираше ЕХФ Еуро за јуниорки и следната година ќе се организира уште побитно ЕХЕ Еуро за Јуниори - не е доволно. И Бобинец тоа добро го знае. Затоа и не е чудо што само две недели по ждрепката за ЕХФ официјално ја соопшти кандидатурата со назнака дека борбите за медали би биле во љубљанската „Стожице“ со капацитет од 12.000 места. 

Можеби овие соништа нема да се остварат, но сигурно, Словенија и Македонија заслужуваат да им се исполни соот. Тоа се земји во кои ракометот си е дома и добива и се поголема популарност. Покрај тоа, овие две земји останаа најмногу братски од сите други во бившата Југославија. Ако би бил малку егоистичен, заедничкиот Еуро би имал само една голема маана. Тоа би значело дека најверојатно не би се сретнал во живо со моите македонски колеги доколку нашите репрезентации не играат полуфинале. 

Се навикнавме едни на други. Во последните години речиси секогаш Словенија и Македонија вкрстуваат на големите натпревари. Во 2012 соништата на Словенија за ОИ Лондон се распрснаа кога Себастијан Скубе во натпреварот за петто место во белградската Аена во последната секунда го погоди македонскиот голман во нога. 
Словенците потоа вратија со победата на СП Катар во 1/8 финалето, кога капитенот Урош Зорман победата им ја подари на своите фотељаши во Словенија што не веруваа во успех на ракометарите. 
Словенија и Македонија пред Еуро 2016 одиграа два пријателски натпревари двата завршија со пријателско реми. Словенија оваа година беше подобра во Мец. Но, селекторот Веселин Вујовиќ, уште една алка што ги спојува Македонија и Словенија, по чудесното враќање на Словенија на мечот со Тунис, што им помогна и на неговите Македонци за пласман понатаму, освоениот бод, отворено го посвети на „Жути, Киро и сите негови македонски пријатели“. Можеби ни самиот не знае која земја му е помила, Словенија или Македонија. Блазе си му. 

Е сега, повторно Словенија и Македонија ќе играат на големата свена. Во Загреб тоа ќе биде дерби на групата и тоа уште во првото коло, 13 јануари, 19:30 часот. Кој ќе биде подобар, ќе има голема шанса да направи нешто големо. Тоа веројатно ќе биде првиот официјален натпревар на кој Словенија ќе има поголема поддршка од трибините, иако синовите на сонцето од Македонија веќе многу пати имаат покажано како се бодрат своите јунаци. 

Не е дека сакавме ваков старт, но едно е сигурно. Мојот драг пријател од g-sport.mk, Ричи, повторно ќе ме части пиво. Исто како што си го одржа зборот во Мец. 
Би било добро, ако би можел да му возвратам - во Вараждин... Се гледаме!
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk