Почна македонскиот ЕХФ Чемпионшип

Денеска во Скопје, во салата „Кале“ почнаа натпреварите од ЕХФ Шампионатот во женска конкуренција до 17 години. РФМ е организатор на ова првенство на кое учествуваат 10 екипи. Најдобрата ќе обезбеди пласман на ЕХФ Еуро, што е најквалитетното првенство во огранизација на ЕХФ во таа возрасна категорија. 

ЕХФ Шампионат, покрај Македонија организира и Литванија. 

Македонија на ова првенство е во група со Полска, Грција, Фарски Острови и Швајцарија. Утре го играме првиот натпревар, а противник ни е селекцијата на Грција. 

Распоредот на натпревари на Македонија е следниов:
1 август: Македонија - Грција (17:00)
2 август: Македонија - Швајцарија (17:00)
4 август: Македонија - Фарски Острови (19:00)
5 август: Македонија - Полска (19:00)

Во групата „Б“ се наоѓаат репрезентациите на Словенија, Бугарија, Исланд, Израел и Косово. 

Влезот во салата е слободен. 
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk